МВР: Во последното деноноќие регистрирани нови 3.275 бегалци

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи информира дека во последните 24 часа издадени се вкупно 3.275 бегалци, од кои најбројни се  државјаните на Сирија -1305, Ирак – 1.048 и Авганистан – 922.

Ден претходно, МВР издаде потврди на вкупно 3.415 странски државјани,  од кои најбројни биле државјаните на Сирија – 1624, Ирак-1.049 и Авганистан – 742.

Во периодот од 19 јули до вчера  до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 369.277 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија – 207.296 потоа Авганистан – 91.096, Ирак – 49.444, Иран – 6.231, Пакистан – 5.416, Палестина  -2.158, Сомалија – 1.276, Бангладеш – 1.253, Мароко – 1.317, Конго – 514,  Алжир – 453, Либан – 434,  Нигерија – 279, додека останатите се во помал број.

Во последното деоноќие нема поднесено барање за признавање право на азил, а од 19 јули до сега такви барања поднеле 83 странски државјани.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.