МВР: Во последните 48 часа издадени потврди на 8.000 бегалци

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа вкупно биле издадени 3.954 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија – 1.666, Ирак – 1.358 и Авганистан – 930.

Заедно со издадените потврди од претходниот ден, според инофрмациите на Министерството за внатрешни работи бројката на издадени потврди за искажана намера за барање азил изнесува 8.000, или поточно 7.980 потврди.

Во периодот од 19 јули годинава, заклучно со вчера, издадени се потврди на вкупно 377.257 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија – 210.668, потоа Авганистан  -93.113, Ирак – 52.035, Иран – 6.231, Пакистан – 5.416, Палестина – 2.158, Сомалија – 1.276, Бангладеш – 1.253, Мароко – 1.317, Конго – 514,  Алжир – 453, Либан – 434,  Нигерија – 279, додека останатите се во помал број.

Во последните 24 часа нема поднесено барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадената потврда, додека од почетокот на издавањето на овие потврди до сега биле поднесени 83 барања.