МВР во два одделни случаи откри криумчарење на 14 мигранти

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, на 20 декември околу 05.00 часот, од страна на полициски службеници кај с.Прдејци забележано било товарно возило „мерцедес вито“, а при обид да биде сопрено, истото ја зголемило брзината и продолжило да се движи.

По ова, кај с.Калково возилото излетало од патот и удрило во нискостеблести растенија, по што возачот се дал во бегство. Во возилото се пронајдени девет мигранти од Авганистан, кои се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, а се преземаат мерки за откривање на возачот.

Истиот ден,  околу 18.45 часот, на стариот пат за Градско од страна на полициски службеници било забележано патничко возило „мерцедес“ управувано од Б.Б.(19) од Кавадарци, кое не било во возна состојба, а по извршен преглед во непосредна близина на возилото бил затекнат седумнаесетгодишник од Неготино, кој со патничко возило „ауди“ бил претходница на Б.Б. со уште четворица непознати македонски државјани.

Исто така, во близина на возилото се пронајдени и пет мигранти, од кои четворица од Мароко и еден од Алжир, кои за износ од 700 евра требало да ги превезат до Куманово.

Од извршен разговор со малолетникот е констатирано дека откако возилото останало дефект, настанала расправија помеѓу Б.Б. и малолетникот од една страна и мигрантите од друга страна, во која Б.Б. со нож бил повреден во ногата, а малолетникот бил удрен со тврд предмет во пределот на лицето.

Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.