МВР со нова редизајнирана веб страница

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи, согласно принципите на отчетност и транспарентност во своето работење, од денес стартува со целосно редизајнирана веб страница на министерството, изготвена во соработка со УНЕТ, при што се очекува таа да биде далеку попристапна и поблиска до граѓаните, односно до сите корисниците на улугите кои ги содржи официјалниот веб сајт на МВР, но и до сите оние кои сакаат од прва рака да се информираат за работењето на Министерството.

Loading...

Истовремено во тек е и изработка на поддомен, односно линк кој би водел до содржини прилагодени за лица со инвалидност, согласно проектот на Владата „Примена на стандарди за веб пристапност на лица со посебни потреби“.

Освен редизајнот на интернет страница на МВР таа нуди и нови содржини кои беа опфатени со проектите од програмата за работа на Владата на Република Македонија, односно санува збор за уште четири нови апликации кои ќе бидат од голема полза за граѓаните.

Првата апликација се однесува на проектот изгубени/најдени предмети.

Реализацијата на овој проект подразбира формирање на јавна база со податоци на веб – страницата на Министерството за внатрешни работи, регистар на изгубени и пронајдени предмети. Веќе е изготвен и стандардизиран формулар кој ќе содржи детална информација за предметите, при што истиот ќе се доставува до Сектор за односи со јавност за објавување на сајтот. Доколку постои фотографија од предметот, новата апликација, нуди можност истата да биде поставена на сајт. Со оваа апликација сите заинтересирани ќе може да проверат кои предмети се пронајдени и пријавени во полиција, односно граѓаните ќе имаат можност да проверат и дали некој предмет што евентуално им се нуди на продажба е навистина сопственост на оној што го продава. Претрагата ќе може да се прави според станичното подрачје на кое што е изгубен или пронајден предметот и според категоријата на предметите. Во самата база на апликацијата веќе се внесени голем број на предмети, поточно 1535 предмети, од кои најдени се 207, а изгубени се 1328. Најголемиот дел изгубени предмети се во категоријата „електронски и технички предмети“ – 626, а најмногу најдени предмети спаѓаат во неопределаната категорија односно – “други предмети“ – 122.

Втората апликација која е дел од новата веб страна на МВР е дел од проектот “ON-LINE Полициски станици“. Со реализацијата на овој проект се очекува да се постигне поголема достапност на податоците за полициските станици и нивните вработени, преку регистар на броеви и адреси кои се објавени на сајтот на Министерството со опис на специфичните области на дејствување на полициската станица.

Третата апликација е дел од проектот„ON-LINE пријавување на сомнително лице“. Преку специјален формулар со повеќе прашања околу поединостите за сомнително лице, граѓаните ќе може да доставуваат информации до надлежната полициска станица од општа надлежност. Тоа подразбира можност и анонимно да се пријават по електронски пат податоци за некое сомнително лице каде, кога и како го направил делото, дали има прекар, каков автомобил вози, опис на физички изглед, дали има препознатлива лузна, каде е видено најчесто, дали има препознатливи тетоважи, дали било видено со оружје итн. Ваквиот начин на комуникација го користат современите полициски служби од сите поголеми светски метрополи, како LAPD, NYPD лондонската METROPOLITEN и низа други.

Последната, четврта апликација се однесува на изгубеното културно наследство, а во рамки на проектот“„заштита на културното наследство“. Исто така, во делот на потрагите по исчезнати и недостапни лица, воведена е трета категорија каде што граѓаните можат и визуелно да се информираат за исчезнатото културно наследство по кое се трага.

Loading...

Инаку, старата интернет страница на Министерството беше една од најпосетените меѓу сајтовите на државните институции и достигна до 19 500 000 евидентирани посети од нејзиното отворање во 2003 година. МВР продолжува со редовно ажурирање на страницата, но и со проширување на опсегот на услуги кои по електронски пат им ги нуди на граѓаните.

 

Leave a Reply