МВР со детали за немирите во кои стотици мигранти и 23 полицајци и војници беа повредени (фото)

Сподели со своите пријатели

Полицијата спречи илегален влез на над 3.000 мигранти на македонско-грчката граница, кога насилно сакаа да стапнат на македонска територија при што беа употребени солзавец и шок бомби за растерување на толпата.

Во судирот се повредени стотици бегалци и 23 припадници на безбедносните сили, од кои 14 полициски службеници и девет приадници на Армијата на Република Македонија,а оштетени се три возила на МВР и пет возила на АРМ, како и повеќе полициски штитови и друга  опрема.

 

Loading...

refugee

 

Уште рано утринава полицијата добила оперативни сознанија дека се подготвуваат немири при што биле преземени активни мерки за засилено присуство на припадниците на МВР и АРМ како и на странските полициски службеници од Унгарија,Чешка,Србија,Словенија, Хрватска и Австрија распоредени на територијата на Република Македонија, чии активности се поддржани во рамки на ЕУ специјалните мерки за поддршка на држжавата за справување со мигрантската криза на јужната граница.

 

refugee2

 

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи, меѓу останатото стои.

Во 09.30 часот на граничен камен 59 дојдоа претставници од грчката полиција и побараа да се оствари средба помеѓу претставници на мигрантите и претставник на нашите гранични служби. Целта на оваа средба беше мигрантите лично да се уверат околу гласините дека границата е отворена, односно мигрантите да се откажат од идејата за влез во Република Македонија. Во 10.15 часот на ГК 59 дојдоа претставници од мигрантите, грчки полициски службеници и новинарски екипи. Мигрантите се интересираа зошто државната граница е затворена и кога истата повторно ќе се отвори. Од страна на претставник на МВР одговорено е на прашањата по што мигрантите во 10.35 часот си заминаа и се повлекоа во грчкиот камп – велат од МВР.

Само неполн час подоцна 1000 до 2000 бегалци започнале насилен протест на 100 до 200 метри одалеченост од граничниот камен 59, со извикување, фрлање на камења и разни предмети.

 

refugee4

Loading...

 

Од страна на УПС од МВР и АРМ веднаш било отпочнато одбивање на мигрантите при што употребени биле и хемиски средства, односно солзавец.

По половина час беше пробиена заштитната ограда и група од 20 до 30 мигранти се обидоа илегално да влезат на територијата на Република Македонија, но истите веднаш се спречени во намерата и вратени на територијата на Република Грција. Друга група мигранти, пак, според проценките меѓу од 500-1000 лица се обидоа да направат пробивање на оградата и лево од граничен камен 59, со каменување кон нашите безбедносни сили. Во 14.00 часот поголем дел од мигрантите се повлекоа на околу 50-100 метри на грчка територија и состојбата делумно е ставена под контрола, со тоа што во  тој период во функција беа ставени и водени топови. Во 14.45 часот е добиена информација дека мигрантите подготвувале молотови коктели за да ги фрлат кон нашите безбедносни сили, при што е издадена наредба безбедноста да се подигне на највисоко ниво – стои во деталниот извештај на МВР.

Се до 18:00 часот група од околу стотина мигранти од грчка територија континуирано вршела каменување на безбедносните служби. Половина час подоцна околу 18.30 часот состојбата се нормализирала, а сите групи на мигранти биле повчени кон грчка територија.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.