МВР распиша потерница за Сашо Мијалков

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи распиша национално потерница по екс директорот на УБК Сашо Мијалков, кој од вчера попладне е недостапен за полицијата која треба да му врачи решение за куќен притвор.

Loading...

– Мијалков Сашо, од татко Јордан , мајка Милка, роден на 15.09.1965 во Скопје, со живеалиште на ул.Народен Фронт бр.5-31 во Скопје,  се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Скопје 1 КОК – КР бр.56/21, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка куќен притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 , кривично дело “Злосторничко здружување “ од член 394 и кривично дело “Примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ.“, стои во соопштението на МВР.

 

 

Дел од националните медиуми пренесуваат дека ќе се бара распишување и меѓународна потерница.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *