МВР: Од јуни досега се регистрирани близу 300 илјади бегалци и 80 барања за азил

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во последното деноноќие, во прифатниот бегалски центар Гевгелија,  издадени се потврди на вкупно 2.695 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на  Сирија – 1.190, Авганистан – 979 и Ирак – 526 .

Loading...

Во периодот од 19 јуни до вчера, издадени се потврди на вкупно 297.623 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија – 176.004, потоа Авганистан – 71.872, Ирак – 28.309, Иран – 6.231, Пакистан – 5.416, Палестина – 2.158, Сомалија – 1.276, Бангладеш – 1.253, Мароко – 1.314, Конго – 514,  Алжир – 453, Либан – 434,  Нигерија – 279, додека останатите се во помал број.

Во изминатото деноноќие до Секторот  за азил не се  поднесени  барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 01 декември до Секторот  за азил се поднесени 80 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 53 барања се од државјани на Сирија, од нив 17 за деца, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.