МВР објави снимка од претресот во Брест и Брњарци (видео)

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи издаде соопштение во врска со кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” од чл.313 од КЗ на РМ, извршено на 21.04.2015 година со напад на Полициската станица за гранична контрола Гошинце.

Loading...

Имено, по претходно обезбедени наредби од Судија за претходна постапка за претрес на дом и други простории, вчера, во содејство со специјалните единици на МВР на РМ, извршен е претрес во дом и други простории на две локации во с. Брест и една локација во с.Брњарци.

При претресот во објектите во с.Брест кај 55 годишно лице, за кое постоеја дека било дел од групата што ја нападна караулата, беа пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети одземени: 2 автоматски пушки 7,62 мм. со 5 рамки и 100 куршуми калибар 7,62 мм. за автоматска пушка, 2 снајперски пушки 7,9 мм. со 3 рамки и 20 куршуми калибар 7,9 мм., 10 пиштоли М57-ТТ 7,62 мм. со 22 рамки и 9 куршуми 7,62 мм. за пиштол, футрола за пиштол, 1 радио станица со 2 полначи, маскирна униформа со ознаки од „УЧК“, како и делови од облека, и други предмети.

При претресот во куќа во с.Брњарци која ја користи истото лице не беа пронајдени предмети битни за истрагата.

 

Од првичните анализи и сериските броеви на оружјето, утврдено е дека станува збор за дел од службеното оружје кое беше одземено при нападот на караулата.

Сите пронајдени и одземени предмети се предадени на Одделот за криминалистичка-техника за нивна натамошна обработка и вештачење заради пронаоѓање на материјални траги и докази поврзани со стореното кривично дело. По завршување на вештачењето, од страна на Министерството за внатрешни работи ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежно ОЈО.

Loading...

Осомничениот 55 годишен жител на с.Брест не е пронајден и продолжува потрагата по него, како и по останатите членови на групата која ја нападна полициската станица. Со вчерашниот претрес се потврдија сознанијата кои полицијата ги имаше, како и индициите за лицата вклучени во нападот.

Leave a Reply