МВР објави детали за вчерашното криумчарење на 33 мигранти

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден,  околу 11.30 часот на патот с. Никуштак – с. Орланци било пронајдено ТМВ “Мерцедес“ со лажни велешки регистарски ознаки.

Од страна на полициски службеници од РЦ Север и екипа од крим-техника при СВР-Куманово извршен е увид на местото на настанот, при што било утврдено дека во ТМВ се превезувале 33 мигранти од кои 15 од Иран, 16 од Ирак и две од Либија.

Исто така од извршениот увид било констатирано дека се работи за ТМВ “Мерцедес“ со регистарски ознаки кои се одјавени на 04.01.2016 година во Штип. Повикан бил и претходни сопственик, 33 – годишно лице од Штип, кој изјавил дека 04.01.2016 година ТМВ Мерцедес го продал на Џ.И.(24) од велешко, за кое на увид приложил купопродажен договор.

Три лица од мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, на 16  мигранти од Ирак им била издадена Потврда за изкажана намера за поднесување на барање за азил и истите ќе бидат спроведени во Кампот на Табановце, додека за 15 мигранти од Иран поднесен е Записник за прием на усно барање за признавање право на азил, по што истите ќе се спроведат во Центарот за азил Визбегово-Скопје.

За сите преземени мерки бил известен дежурен ЈО при ОКК-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на настанот и пронаоѓање на сторителот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.