МВР: Нови регистрирани 2. 918 бегалци за последното деноноќие

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден, на ТЦ Гевгелија, издадени се потврди на вкупно 2.918 странски државјани, од кои 1.108 се од машки пол, 657 се од женски, 1.137 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 16 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.178,  Авганистан–890 и Ирак-850.

Loading...

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 02.01.2016 година, до Секторот  за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.