МВР: Нови 6000 регистрирани бегалци за последните 48 часа

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Министерството за внатрешни работи, во текот на последните 24 часа,  издадени се потврди на вкупно 3.415 странски државјани,  од кои најбројни се државјаните на Сирија – 1624, Ирак-1.049 и Авганистан–742.

Ден претходно, МВР издаде потврди на вкупно 2.591 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на Сирија-1142, Авганистан–857 и Ирак-592.

Во периодот од 19 јуни заклучно со вчера,  издадени се потврди на вкупно 366.002 странски државјани, додека во последните 48 часа до Секторот  за азил не е поднесено    барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 24 декември, до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и  23  деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

 

Loading...

 

 

 

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.