МВР не го пронајде исчезнатиот авион на пријавената локација

Сподели со своите пријатели

Екипите на Министерството за внатрешни работи и Итната медицинска помош не го пронашле исчезнатиот авион во велешкото село Ветрово, каде се тврдеше дека истиот е срушен, објави порталот А1ОН.

Засега екипите се упатиле кон непристапен терен, а потрагата дополнително ја отежнува обилниот дожд.

Како што пренесува порталот, жителите на оваа село рекле дека не слушнале уривање на авион, па засега останува непознато кој пријавил дека авионот исчезнал на таа локација.

Извор и фото: А1ОН