МВР: Насилството во Куманово нема меѓуетнички елементи

Сподели со своите пријатели

Насилството во Куманово кое се случи пред два дена кога две момчиња беа бркани и нападнати од поголема група лица, нема меѓуетнички елементи, велат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Од МВР велат дека се приведени повеќе лица, а на службен разговор биле повикани и тројца малолетници.

– На 15.11.2022 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.И.(18), Ф.А.(19), А.Д.(20), К.Г.(18), А.Т.(18), А.В.(18), А.С.(20), А.Б.(23) и Л.С.(19), сите од Куманово и кумановско, а на службен разговор биле повикани и тројца малолетници од Куманово, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поголема излезност во Куманово од минатите избори

Како што појаснуват од полицијата, тие се сомничат дека на 14.11.2022 на улицата „Карл Маркс“ во Куманово со тврди предмети му го оштетиле возилото на Б.Ш.(20) од Куманово, по што тој во обид да избега предизвикал  сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило.

По целосно документирање на случајот против сите лица ќе следуваат соодветни пријави.

– По преземени мерки било констатирано дека станува збор за недоразбирање без никакви меѓуетнички елементи. СВР Куманово апелира до медиумите за професионално и точно информирање без шпекулации околу причините за инцидентот, стои во соопштението.

Инаку веста беше објавена завчера, но дури вчера националните медиуми направија сензација од неа кога на социјалните мрежи се појави снимка од бркотницата, а реагираше и партијата Алијанса за Албанците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колкава беше излезноста во Куманово до 18:30 часот?

ОЈО Куманово вчера соопшти дека се вршат распити и дополнително ќе одлучи како за понатамошниот тек на постапката.

Loading...

 

Никола Ивановски