Нападнат кумановец во обид да избега предизвикал сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Неколку лица му го оштетиле возилото на 20-годишен кумановец додека тој бил во него, а во обид да избега предизвикал сообраќајка.

Loading...

– На 14.11.2022 година во СВР Куманово, Б.Ш.(20) од Куманово пријавил дека околу 01.20 часот на улица „Карл Маркс“ во Куманово, додека бил во неговото возило „фолксваген голф“, неколку лица со тврди предмети му го оштетиле возилото, по што во обид да избега предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)