МВР издаде нови 5.255 потврди за бегалци во изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 11.12.2015  издадени се потврди на вкупно 5.255 странски државјани, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Од нив 2.407 се од машки пол, 1.371 се од женски, 1.432 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 45 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 3.070, Ирак -1.280, Авганистан – 905.

Во периодот од 19.06.2015 до 11.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 330.798 странски државјани,

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 11.12.2015 до Секторот  за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 11.12.2015 година до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.