МВР ги пронајде лицата кои со електро шокови се изживуваа над двајца мигранти

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи – Струмица преку Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија до ОЈО – Велес,  поднесе кривична пријава против  П.Ј (41), П.М (34) и З.Ј (35) тројцата од с.Миравци, државјани на Р.Македонија, поради постоење основано сомнение дека сториле  кривично дело “разбојништво”  над  двајца државјани  на Мароко.

Loading...

Имено, на 07-ми овој месец околу 22,00 часот над двајца државјани на Мароко, кај место викано „Вирот“ атар на с. Миравци, во близина на железничката пруга извршено е разбојништво. Пријавените  откако се претставиле како полиција, физички ги нападнале  со дрвени палки, електро шок, заканувајќи им се со пиштол и нанесувајќи телесна повреда над едно од лицата во пределот на ногата,  по што ги легнале на земја и им одзеле околу 600 евра, два мобилни телефони и патничка торба  во која имале лични работи. Веднаш потоа ги оставиле  лицата зад себе и се оддалечиле во непознат правец .

Од страна на НК за КР Гевгелија веднаш по пријавување на настанот превземени се мерки за идентификација, пронаоѓање и фаќање на сторителите. Пријавените се идентификувани, лишени од слобода  и доведени во простории на ПС од ОН Гевгелија каде што со нив се обавени службени разговори.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.