МВР: Близу 5.550 бегалци се регистрирани за едно деноноќие

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на изминатото деноноќие /9 ноември/, во прифатниот центар Гевгелија,  издадени се потврди на вкупно 5.337 странски државјани, од кои според државјанството најбројни се државјаните на Сирија-3.196, Авганистан–763, Ирак-779, додека другите се во помал број.

Loading...
 Во периодот од 19 јуни до 09 ноември, издадени се потврди на вкупно 230.248 странски државјани.
Како што информира РЦУК Куманово, во текот на изминатото деноноќие, од ГП Табановце на инфективно одделение при Општа Болница Куманово е пренесено лице кое подоцна е пренесено на Клинички центар во Скопје поради сериозноста на клиничката слика.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 09 ноември до Одделението за азил не се поднесени барања  за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.