Музика, цртање и приказни вечерва пред Центарот за култура во Куманово

Сподели со своите пријатели

Летен настан за младите организира вечерва од 19 часот Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово пред своето плато.

Loading...

Младите ќе можат да цртаат, пишуваат, да читаат песни и приказни, да се забавуваат со музика и сето тоа во друштво на актерите Анастасија Величковиќ, Марко Трајковиќ и Никица Јанковски.

Од НУЦК „Трајко Прокопиев“ ги покануваат сите заинтересирани да бидат дел од овој летен културен настан.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило