Мултиетничко чествување на Бадник во СОУ „Перо Наков“ (фото)

Сподели со своите пријатели

Средното општинско училиште „Перо Наков“ денеска беше домаќин на заедничката прослава на Бадник и Божиќ на учениците Македонци и Албанци, под мотото „Празниците зближуваат“.

 

Loading...

Прославата е во рамките на проектот „Безбедни училишта“ во соработка со Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и ОБСЕ, а истиот се одбележува од 2012 година.

Имаме огромна чест да бидеме домаќини на прославата на Бадник како предвесник на големиот христијанкси празник Божиќ, Христовото раѓање. Во рамките на проектот безбедни училишта во соработка со секторот за внатрешни работи Куманово тука сме сите заедно со богата посна трпеза и драго ни е што имаме многу гости од сите сектори од нашиот општествен живот, и мислам дека ќе биде навистина убаво – изјави Лидија Тасевска, директор на СОУ „Перо Наков“.

 

Како што вели Отец Игор Здравсковски од Кумановско-осоговската епархија, ова е многу важен настан за нашиот мултиетнички град.

Секогаш на нашите празници има лице од МПЦ за да се појасни значењето на празникот, и да се испрати порака за мирот, затоа што нашиот Господ, кога дојде таа објава и радост беше за целиот свет. Доколку се соочиме со човек кој различно размислува од нас, различно верува, сепак треба да бидеме во мир со него, да го сака, брани своето, но кога ќе се соочиме со различности не смееме да отвораме војни. Не смее да се зема религијата како причина за војни – порача отец Здравковски.

 

Инаку заедничкото одбележување на празниците од повеќе националности помага во подобрување на меѓуетничките односи на најмладите во општеството и изградба на мир, љубов и соработка.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.