Mулти Култи отвара повик за сите средношколци од градот

Сподели со своите пријатели

Центарот за интеркултурен дијалог ги поканува средношколците од градот да станат дел од новите работилници на младинскиот центар Мулти Култи.

Loading...

Организацијата минатиот викенед започна со реализација на проектот „МултиКулти Коцка- Простор за интеркултурна/етничка акција“ под финснсиско покровителство на УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации).

Проектот содржи четири работилници и тоа: драма, перформанс, социјални права и уметност од рециклирачки материјали.

Сите  активности  ќе  ги  користат  методите  на  неформално  образование,  ќе  бидат двојазични  (Македонски  и  Албански)  и  ќе  траат  два месеци.  Крајните  резултати  ќе  бидат презентирани на отворено, во симболична сцена “коцка” која ќе биде поставена на различни локации од градот, истакнуваат од ЦИД.

Тие ги покануваат сите заинтересирани да се пријават со свој мејл на rabotilnici@cid.mk или да ги постат нивните простории на ул. Вук Караџиќ 19 (поранешна месна заедница Тоде Мендол).


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.