Му направила на мажот кафеана во дворот, поинаку не можела да го задржи дома (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Џејн Тапер (48) сметала дека нејзиниот сопруг поминува премногу време во пабот.

Loading...

Понекогаш нема ништо подобро долгиот, тежок ден, да го завршите во кафеана, да разговараме со пријателите, со ладно пиво во рака. Сепак, некои премногу пати премногу долго останале таму, со некој пијалак повеќе.

Тоа го правел и Британецот Пол Тапер, инженер од Девон. Отсекогаш сакал да оди во локалната кафеана, но неговата сопруга Џејн (48) мислела дека поминува премногу време таму, па затоа изградила паб во дворот на семејниот дом. Таа го нарекла „The Doghouse Inn“.

Оваа мајка на три деца и медицинска сестра по професијата, покрај тоа што сака да го види својот сопруг поблизу до дома, вели дека ќе организира и забави за пријателите и семејството во својот паб.

– Мојот сопруг Пол отсекогаш сакал да скокне во кафена и не можев да го задржам дома. И така, си помислив и дојдов до идеја да градам своја кафеана во дворот. Кога ме прашуваат каде е мојот сопруг, им велам „во куќата за кучиња“ (што е термин кој се користи за некој што не бил добар или е под казна) – рекла таа.

Таа исто така открила колку чини тоа. Најскапо било да се израмни дворот и и чинело 15.000 фунти, а почетната изградба на кабината чинела околу 2.700 фунти.

„Што се однесува до уредувањето, се обидов да го направам тоа што е можно поевтино со користење на социјални мрежи и препродавачи“, рече таа, додавајќи дека не можела да одолее, па затоа купила и црковна клупа и играта „Спејс инвејдерс“ за уште 650 фунти за да изгледа пабот автентично.

Заштедила на алкохол

Loading...

Мажот на Џејн не само што е воодушевен од сопствениот паб, туку и децата – Том, 31, Лорен, 24 и Џек (26), кои велат дека долгорочно ќе заштедат пари на алкохол со дружење во својот паб.

– И Пол ќе ја води својата компанија. Се чини дека секогаш ќе бидеме зафатени “, рекла Џејн, додавајќи дека таа сè уште го украсува пабот со мали предмети кога ќе наиде на нешто погодно.

„Сакам да престојувам таму и со задовослтво би поминала многу ноќи во нашиот паб“, заклучила Џејн.

Leave a Reply