Му го блокирале патот па со метални предмети му го оштетиле возилото

Сподели со своите пријатели

Неколку лица му го блокирале патот на жител на кумановско, по што излегле од возилата и со метални предмети му го оштетиле автомобилот.

Loading...

– На 26.12.2023 година во 00.30 часот во СВР Куманово, Б.Џ. од кумановско пријавил дека на 25.12.2023 околу 21.00 часот на патот во село Опае, липковско, две возила му го блокирале патот, по што неколку лица излегле од возилата и со метални дрвени предмети го оштетиле неговото возило „фолксваген голф“ со австриски националкни ознаки, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

Никола Ивановски