МРТ од денес нема да емитува владини реклами

Сподели со своите пријатели

Македонската радио телевизија од денес прекинува со објавување на владини реклами и кампањи финансирани од Буџетот на државата, пренесуваат дел од националните медиуми.

Loading...

Според извори на „Мета“, до вработените била сипратена телеграма во која стои дека им се забранува да пуштаат владини реклами во термините кои до сега биле предвидени за тоа.

Оваа одлука на МТВ стигнува по соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми објавено вчера, во кое таа ги известува медиумите дека од 10 ноември 2015 година стапи на сила законот за изменување и за дополнување на Изборниот законик.

Во член 83 од законот за изменување и за дополнување на Изборниот законик, договорен меѓу четирите партии потписнички на Договорот од Пржино и изгласан во понеделникот во Собранието се вели:

Од денот на влегувањето во сила на овој Законик до денот на одржување на предвремените избори за пратеници, кои ќе се одржат на 24 април 2016 година, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања.

Инаку иако Законот е на сила од 10-ти ноември, јавниот радиодифузен сервис дури од денес ќе започне да го имплементира законот, а три дена незаконски објавуваше реклами од Буџетот на државата.