МРАЧНА ТАЈНА: 60 отсто од новогодишните украси се произведуваат во овој град, но условите не се празнични (видео)

Сподели со своите пријатели

Новогодишните и божиќни украси настануваат во кинескиот град Јиву.

Попрецизно, 60 отсто од украсите кои се користат ширум светот, настануваат во некој од 600 фабрики во тоа место познато како „Божиќен град“ одалечено 300 километри од Шангај.

Индијците Нова година слават 10 пати

Loading...

Жителите на Јиву, како ниту работниците вработени во фабриките, обично не знаат што е Божиќ. Украсите кои се дел од овој празик, ги прават доселеници од рурални средини кои работат по 12 часа дневно за околу 300 евра месечно.

Неретко работат со материјали кои се штетни по нивното здравје и не се задоволни од своите работни места.

Сопствениците на фабриката пред 20 години не знаеле што е Божиќ, но тогаш препознале потенцијал во тој празник и постојана потреба за бомбони, елки, Дедо Мразовци и слично.

Најголемиот обем на работа го имаат во септември и октомври кога украсите се испраќаат во Европа и САД, а во Јиву секогаш можете да пронајдет еотворена продавница со новогодишни сувенири во било кој период од годината.

https://youtu.be/koMYqYtELjQ