Можно затворање на границите со Србија и Косово

Сподели со своите пријатели

Комисијата за заразни болести утре ќе разговара за евентуално повторно ограничување на протокот на патници на границите со Србија и Косово, а можно е и целосно затворање на граничните премини со двете држави, пишуваат националните медиуми, повикувајќи се на Министерството за здравство.

Loading...

Инаку во Србија изминатите денови вртоглаво растат бројките на заболени, а само во изминатото деноноќие се регистрирани 359 нови случаи, а шест лица починаа.

Властите во Србија донесоа одлука за повторно воведување рестрикции во одредени региони кои се најпогодени од пандемијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply