Може ли кафето да го продолжи животот?

Сподели со своите пријатели

Консумирањето кафе има многу придобивки. Покрај тоа што е добро за црниот дроб, новото истражување покажа дека може да го продолжи и животот.

Loading...

Истражувачите од Корејскиот универзитет Чунг-Анг, во соработка со Центарот за контрола и превенција на болести, го спровеле истражувањето, објавено во најновиот број на списанието „Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics“.

 

 

Тие конкретно ја разгледале нивната популација, а целта на студијата била подобро да се разбере врската помеѓу потрошувачката на кафе, неговите здравствени придобивки и влијанието врз смртноста.

Во студијата учествувале 110.920 лица постари од 40 години на кои не им е дијагностициран дијабетес, карцином или кардиоваскуларни заболувања.

Истражувачите го следеле дневниот внес на кафе и смртноста на учесниците во просек за девет години.

Loading...

Резултатите од студијата посочиле дека ризикот од рана смрт паднал за 21 процент кај учесниците кои пиеле повеќе од три шолји кафе на ден, пишува Eat This Not That.

 

 

„Кафето е значително поврзано со намалување на инциденцата на кардиоваскуларни болести. Една шолја дневно е поврзана со 42 проценти намалување на бројот на смртни случаи поврзани со срцеви заболувања“, заклучува студијата.

Истражувачите додаваат дека придобивките се исти кога станува збор за инстант кафе, дури и ако го пиете со млеко и шеќер.

Leave a Reply