Можат ли европските банки можат да се справат со превирањата?

Сподели со своите пријатели

Европските банки имаат доволно капитални резерви и можат да се справат со сегашните превирања, изјави претседавачот на состаноците на министрите за финансии на еврозоната Пашал Донохое во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ).

Loading...

Капиталните резерви им овозможуваат да се справат со тековните ризици за банкарскиот и глобалниот финансиски систем, рече ирскиот министер за финансии, додавајќи дека нема место за ставот „ќе мине лесно“.

Еврогрупата е неформално тело на министри за финансии од еврозоната кои се состануваат зад затворени врати еден ден пред министерскиот состанок на ЕУ за да ги координираат прашањата поврзани со еврозоната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

На состаноците вообичаено присуствуваат претседателот на ЕЦБ и еврокомесарот за економија и финансии.

Донохое е загрижен за моменталната ситуација

Мерките преземени во Европа ги донесоа посакуваните резултати и тоа важи и денес, тврди Донохое, признавајќи дека моменталната ситуација малку го загрижува.

Тој нагласи и дека банките се подготвени за натамошно зголемување на каматните стапки во еврозоната.

Европската централна банка (ЕЦБ) најави дека повторно ќе ги подигне на денешната седница.

Осврнувајќи се на предлогот за измена на регулативата на ЕУ за јавниот долг и буџетскиот дефицит, Доноху посочи дека Еврогрупата успеала да заземе единствен став и покрај децидните зборови на министерот за финансии Кристијан Линднер.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Европската комисија се залага за поголема флексибилност во регулативите за намалување на долгот.

Германија, пак, е повнимателна во овие работи, потсетува агенцијата dpa.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.