Моторџиите од клубот “Мечки” ја организираа традиционалната „Дедо Мраз на мотор“ (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Во улога на Дедо Мраз, денеска моторџиите од клубот „Мечки“ ја организираа традиционалната манифестација „Дедо Мраз на мотор“ и однесоа новогодишни подароци во Дневниот центар за лица со посебни потреби.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”271″]

 

Новогодишни пакетчиња и санитарен материјал потребен за нормално фунцкионирање на центарот, беа донирани од стотина „Дедо Мразовци“ на клубот „Мечки“.

 

[huge_it_gallery id=”272″]

 

Покрај членовите на кумановскиот мото клуб, во големата хуманитарна акција присуствуваа и нивните колеги од Скопје и Свети Николе.

Работиме на проекти, најверојатно проект за 2017 година ќе има нешто слично како лани, а оваа година проектот ќе се обработи во Хрватска и Босна со „Евро бајкер черити груп“ од Германија – изјави претседателот на клубот „Мечки“, Јовица Гиновски.

 

Loading...

Инаку проектот „Дедо Мраз на мотор” се реализира по осми пат, а хуманитарната дејност на клубот се остварува во текот на целата година.

 

 

Членовите на мото клубот „Мечки“ се моторциклисти ентузијасти, кои се стремат мото културата да се искачи на повисоко ниво.

 

 

Секој декември ја остваруваат хуманитарната акција „Дедо мраз на мотор“ со помош на лични донации на членовите, спонзорства, како и донации на соработнциите од другите мото клубови.

Децата од Дневниот центар за лица со попреченост под 18 години беа пресреќни повторно да ги видат своите стари другари.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.