Мотокултиватор удрил во кумановка

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишна кумановка се здобила со повреди откако во неа вчера удрил мотокултиватор.

Loading...

– На 22.05.2023 година во 12.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улицата , “Иво Лола Рибар” во Куманово  мотокултиватор управуван од Е.И.(33) удрил во пешак Д.С.(37) од Куманово, информираат од кумановската полиција.

Како што се додава, со телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово, се здобила Д.С.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на несреќата.

Мотокултиваторите се сериозна закана за безбедноста во сообраќајот и тие не се регулирани како и останатите возила. Често се возат без дозвола и без соодветна сигнализација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Гласајте за Максим Димитриевски, да изградиме напредна, модерна и просперитетна Македонија

Општина Куманово претходно реагираше за овој проблем во повеќе наврати, а Општинскиот штаб за заштита и спасување поднесе и барање до Секторот за внатрешни работи за исклучување од сообраќај и отстранување од јавни површини на мотокултиватори.

Како причина за таквото барање, упатено пред околу една година, беше наведено дека согласно законските регулативи, мотокултиваторите се земјоделски машини кои треба да се користат од субјекти со соодветна регистрирана дејност.

Сепак секојдневно овој тип возила можат да се сретнат и низ строгиот центар на градот.

Loading...

Никола Ивановски