Мотоциклист од Куманово тешко повреден во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен кумановец бил тешко повреден откако викендов со својот мотоцикл излетал од коловозот.

Loading...

– На 06.08.2022 околу 22.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета МУБ“ во Куманово, С.К.(32) од Куманово, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, излетал од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, С.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре без струја неколку локации во кумановско

Никола Ивановски