Мотивациско предавање и промоција на мотивациска книга „Што си ти“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Мотивациско предавање во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово во сабота ќе одржи предавачот Снежана Билко, која воедно ќе ја промовира и својата книга „Што си ти“.

Ние сме дојдени на овој свет да бидеме креатори. Ние сме креатори, само што некој е свесен, а некој е несвесен креатор. На ова мотивациско предавање ќе имате можност да научите како да го креирате сопствениот живот, како да разберете и сфатите дека вие сте креатори, а не набљудувачи во нашите животи, вели Билко.

На самото предавање сите  заинтересирани ќе имаат можност да ја купат првата и најнова, мотивациско-инспиративна книга под наслов ,,Што си ти,, со посвета од самата авторка.

Вашето учество потребно е да го пријавите најдоцна до: 25.06.2018. Пријавувањето е задолжително, бидејќи местата за учество се ограничени.

За пријава и учество потребно е да ги испратите вашите податоци, име, презиме,тел.број за контакт на следниот email: [email protected] или да се пријавите на: 077/866-922.

Како што додава Билко, на предавање ќе имате можност да разберете зошто е потребно да ги следите сопствените чувства на радост, среќа и љубов. Живеејќи во ова тешко и демотивирачко време, многу луѓе дозволуваат да паднат духовно и да доживеат падови во нивните животи кои оставаат длабоки траги и им претставуваат една огромна препрека за понатамошно секојдневно животно функционирање. Луѓето се препуштаат и при тоа го забораваат она најважното, а тоа е дека сами можат да ја искреираат онаа реалност која сакаат да ја живеат.

Многу луѓе во последно време се будат и осознаваат дека се е до нив самите и дека е потребно да работат на самите себе за понатаму да доживеат манифестации во нивните животи со кои ќе им се подобри нивниот живот.

Потребно е да станете свесни дека во вас е алатката за креирање на вашиот живот онаков каков што сакате да биде, а тоа е во вашиот ум и во вашите мисли.

Имате една незаборавна можност за двочасовно позитивно и пријатно дружење, дружење со многу позитивна енергија, вели мотивацискиот говорник.

Настанот ќе започне во 19 часот на 30 јуни (сабота).

Leave a Reply