Москва: Завршено префрлањето на војската на левиот брег

Сподели со своите пријатели

Сите руски војници во областа Херсон се префрлија на левиот брег на реките Днепар, соопшти денеска Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Loading...

Тие додаваат дека операцијата е завршена денеска во 5 часот по московско време, пренесува РИА Новости.

„На десниот брег не остана ниту едно парче воена опрема и оружје. Формациите и воените единици на Вооружените сили на Русија ги окупираа одбранбените линии на претходно подготвени позиции“, се наведува во соопштението.

Командантот на руските здружени сили во Украина, Сергеј Суровикин, на 9 ноември објави дека е донесена одлука за напуштање на десниот брег на Днепар.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нареди да се преземат сите мерки за безбедно префрлање на војниците од Херсон на десниот брег на реката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина објави два услови за крај на војната

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.