Москва забрани влез во Русија на воените лидери на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Русија денеска објави дека воведе санкции за одреден број граѓани на Европската унија како одговор на непријателската антируска политика на Западот.

Loading...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека забранува влез на голем број европски воени лидери, високи офицери за безбедност, како и претставници на компании за продажба на оружје, пренесе Ројтерс.

ТАС С додава дека меѓу санкционираните има вработени во компании кои се занимаваат со снабдување со оружје за Украина.

Министерството не ги наведе имињата на лицата на кои им беше забранет влез во Русија.

Москва претходно воведе санкции за голем број западноевропски политичари.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.