Москва се враќа на договорот за извоз на жито

Сподели со своите пријатели

Русија го продолжува учеството во Истанбулскиот договор за храна бидејќи доби доволно гаранции, соопшти Министерството за одбрана, пренесува руска РИА.

Loading...

Добивме писмени гаранции од Украина дека нема да користат хуманитарни коридори и украински пристаништа, наменети за извоз на земјоделски производи, за воени операции против Руската Федерација.

Гаранциите се чини дека се доволни и продолжуваме со спроведувањето на договорот, се наведува во соопштението за печатот на руското Министерство за одбрана, пишува ТАСС.

Москва го суспендираше договорот за извоз на жито минатата недела по, како што го нарече „терористички напад“ на Крим.

Тие тврдат дека Британците им помогнале на Украинците во тоа и дека беспилотните летала во себе имале навигација од канадско производство.

Веста за враќањето на Русија на договорот за извоз на украинско жито прв ја соопшти турскиот претседател Ердоган.

– Извозот на жито од Украина ќе продолжи и во текот на денот, рече Ердоган. Веста ја потврди рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

На социјалните мрежи се шират бројни коментари бидејќи е прочитан уште еден блеф на Путин.

Loading...

Имено, тој вчера изјави дека нема што да се враќа на договорот додека не заврши деталната истрага.

Русија и Украина се договорија за договор за извоз на жито со посредство на Турција и Обединетите нации во јули за да се олесни светската криза со глад предизвикана делумно од инвазијата на Москва на Украина, главен производител на жито, и претходната блокада на нејзините пристаништа. Договорот истекува на 19 ноември.

Киев не ја презеде одговорноста за нападот на Крим и негира дека го користи безбедносниот коридор за жито за воени цели.

Кремљ вчера најави дека за обновување на договорот може да се размислува по „детална истрага за околностите на овој инцидент, како и по добивањето реални гаранции од Киев за строго придржување до истанбулските договори, особено за некористење на хуманитарниот коридор за воени цели“.

Но, еве, ни 24 часа подоцна, Путин се предомисли.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.