Москва: Нема да бараме екстрадиција на оние кои избегаа од мобилизација

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нема да бара екстрадиција на руски државјани кои побегнале во странство пред мобилизацијата за војната во Украина.

Loading...

„Како дел од делумната мобилизација, руското Министерство за одбрана не испрати ниту подготви барање, ниту пак ќе побара од властите на Казахстан, Грузија и други земји присилно да ги вратат руските државјани“, се наведува во соопштението.

Од 21 септември, кога Кремљ најави делумна мобилизација на резервниот состав на руската армија, десетици илјади мажи на воена возраст ја напуштија Русија, особено во поранешните советски републики во Централна Азија и Кавказ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американски сенатор им се заканува на Русите: Наскоро ќе сфатите дека Бајден повеќе не е претседател

Ако руски државјанин добие повик за мобилизација и не се јави во центар за регрутирање, теоретски може да се смета за дезертер и да биде ставен на листата на барани лица во Русија.

Министерот за внатрешни работи на Казахстан, Марат Ахмедјанов, во вторникот изјави дека Астана ќе биде принудена да ги екстрадира Русите кои побегнале од мобилизацијата само доколку се на списокот на барани лица во Русија.

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев во вторникот рече дека ќе ги заштити Русите кои бегаат во Казахстан за да ја избегнат тековната воена мобилизација во Русија.

Астана и Москва се сојузници, но односите се заладија од почетокот на руската агресија против Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 150.000 луѓе без струја по украински напад со дронови

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...