Москва: Косово станува упориште на тероризмот

Сподели со своите пријатели

Косово се претвора во упориште на тероризмот, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, барајќи од државите „зад Приштина“ да се посветат сериозно на тоа.

Loading...

„Целата територија на Косово се претвора во упориште на тероризам“, рече Захарова на редовната прес-конференција, пренесува Бета.

Според неа, припадниците на Исламската држава, регрутирани меѓу косовските Албанци кои добиле обука, се враќаат на Косово.

„Веќе се евидентирани 250 вакви случаи“, рече таа.

Захарова рече дека станува збор за луѓе кои имаат радикални ставови и имаат огромно искуство во борби.

 „Тоа создава уште еден безбедносен ризик на Балканот и низ цела Европа“, предупреди таа.

Според неа, порастот на заканите за тероризам е очигледен, а албанските власти на Косово не се во состојба да се справат со тоа „дури и ако сакаат“.

„Ги повикуваме оние што стојат зад Приштина, САД и ЕУ да посветат најголемо внимание на ова. Започнуваме со тоа дека ЕУ треба да преземе соодветни активности “, рече таа.

Loading...

Leave a Reply