Москва: Америка во Украина би можела да помине како во Авганистан и Виетнам

Сподели со своите пријатели

Не е исклучено во Украина американските власти да поминат како во Виетнам и Авганистан, изјави заменик-шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков.

Loading...

„Американците ќе мора повторно да научат ако не сакаат да завршат како во Виетнам, Авганистан или други конфликти“, рече високиот дипломат, посочувајќи дека истото може да им се случи и во Украина.

Во тој контекст, Рјабков потсети на заборавеното искуство на Вашингтон во 1970-тите, „кога животот не принуди да го препознаеме непријателот, иако за кратко, како наш рамен“.

Заменик министерот за надворешни работи на Руската Федерација објасни дека успешното завршување на специјалната воена операција „е одлучувачки предуслов Вашингтон да го прилагоди своето размислување.

„Тогаш ќе се отворат перспективите: и во однос на билатералните односи и во однос на контролата на оружјето, која практично е елиминирана, работите да се нарекуваат со нивните вистински имиња, а да не зборуваме за враќање на нормалните односи меѓу нашите општества и народи“, заклучи тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.