Морничавата приказна за девојчето кое се породило на само пет години и натаму го шокира светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Лина Медина е родена во 1939 година во перуанскиот град Тикрап. Кога имала само пет години, родителите ја донеле во болница поради ненормален „раст“ на стомакот, за кој верувале дека е тумор.

Loading...

Меѓутоа, кога ја прегледале лекарите останале шокирани бидејќи девојчето било во седмиот месец од бременоста!

Докторот Гералдо Лозада го презел случајот и ја однел во специјализирана болница за жени, каде што дефинитивно била потврдена бременоста.

Се претпоставувало дека Лина забременила како петгодишно дете поради таканаречениот предвремен пубертет, што во основа го означува раниот почеток на сексуалниот развој.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стопирале пијан возач, а лекарите потоа утврдиле дека неговото тело само произведува алкохол

 

Кај повеќето девојчиња таа започнува на возраст од 11 до 13 години со првата менструација, а Лина имала менструален циклус на три години, а градите ги развила на четири години.

Loading...

Во мај 1939 година таа официјално станала најмладата мајка во историја и родила момче со царски рез.

Бебето е родено со 2.700 грама, добра здравствена и општа состојба, а Лина го крстила Џерардо.

По само неколку дена „мајката“ и бебето биле пуштени од болница. И денеска не се знае кој е татко на детето – како што би се очекувало, се шпекулирало дека детето е резултат на сексуална злоупотреба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Златен ретривер кој ужива во природата го воодушеви интернетот (ВИДЕО)

Таткото на Лина веднаш бил уапсен и сослушан поради сомнение за силување и инцест, но бил ослободен поради недостиг на докази.

Самата Лина никогаш не дознала ниту кој е татко на нејзиното дете, ниту како забременила.

Според една статија од 1955 година која го анализирала случајот, во селото каде што е родена Лина имало чести индиски веселби.

„Често завршуваа со оргии, а можно е да имало и силување“, пишувало тогаш.

Повеќето луѓе ја нарекле приказната за мајчинството на Лина едноставна измама, но голем број лекари ги прегледале доказите запишани во медицинската историја, од биопсии до фотографии и рендген на малата Лина.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Професионална љубовница ги советува жените: Како да го спречите сопругот да ве изневерува?

 

 

Џерардо пораснал верувајќи дека Лина му е сестра, но кога наполнил десет, момчето сепак дознало дека таа е неговата биолошка мајка.

Тој ненадејно починал во своите 40-ти, од болест на коскената срцевина.

Лина Медина успешно го завршила училиштето, а подоцна работела како секретарка на докторот што го водел нејзиниот случај, д-р Лозади. Тој и помогна да се образува.

Подоцна се омажила и родила втор син на 38-годишна возраст, дури 33 години по првиот.

Иако и денес е жива, Лина одбива да разговара со медиумите и не сака да го открие вистинскиот идентитет на таткото на своето прво, починато дете.

Loading...