Морнарицата на САД пресретнала брод полн со експлозиви

Сподели со своите пријатели

Американската петта флота пресретна рибарски брод кој шверцувал „огромно“ количество експлозив од Иран на пат кон Оманскиот залив, морски премин кој се користи за доставување оружје на јеменските Хути.

Loading...

Американските сили пронајдоа 70 тони амониум перхлорат, кој вообичаено се користи во ракетната технологија, соопшти Петтата флота.

Арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија води војна против бунтовниците Хути во Јемен од 2015 година и редовно го обвинува Иран за снабдување со оружје на бунтовниците, што Техеран го негира.

„Ова е огромно количество експлозивен материјал, доволно за гориво за десетина балистички ракети со среден дострел“, изјави вицеадмиралот Бред Купер, командант на Централната команда на американската морнарица, петтата флота на САД и здружените поморски сили.

„Незаконскиот транспорт на смртоносна помош од Иран не останува незабележан. Тоа е неодговорно, опасно и води до насилство и нестабилност на целиот Блиски Исток“, рече Купер. Иран се уште не ги коментираше обвинувањата.

Во пресретнатиот брод со четворица членови на јеменскиот екипаж, пронајдени се 100 тони вештачко ѓубриво, кое се користи не само во земјоделството, туку и за производство на експлозиви.

Американските сили во неделата потопија брод во Оманскиот залив, за кој рекоа дека е „опасен за пловидбата на комерцијалните бродови“ и го предадоа екипажот на бродот на јеменската крајбрежна стража.

Во декември, Петтата флота заплени товарен брод со автоматски пушки и муниција пронајдени на рибарски брод, а се верува дека пратката го напуштила Иран и била наменета за Хутите.

Loading...