Моравјецки: Решивме да не го активираме членот 4

Сподели со своите пријатели

Полска се откажа од плановите за примена на членот 4 од Повелбата на НАТО за итни консултации, изјави вечерва за ТВП полскиот премиер Матеуш Моравјецки во врска со ракетите што синоќа паднаа на полска територија.

Loading...

„Текот на настаните и информациите што ги добивме во текот на ноќта не наведоа да заклучиме дека не се работи за намерен напад врз Полска. Според нашите сегашни информации, немало план за напад на полска територија и затоа не го активиравме членот 4, туку го задржавме во резерва“, изјави Моравјецки, пренесува Спутник.

Полскиот премиер истакна дека Полска секако редовно се консултира со НАТО.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова: Поради воените вежби на НАТО во Финска зголемен ризик од потенцијални воени инциденти

„Редовно се консултираме. „Доцна синоќа, на состанокот на Советот на Комитетот за национална безбедност, заедно со претседателот решивме да ги провериме предусловите за примена на членот 4, а доколку постоеја, нашиот амбасадор во НАТО ќе имаше можност да го употреби“, рече Моравјецки.

Претходно полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека постои голема веројатност ракетата што паднала на полска територија да и припаѓа на украинската армија и дека со оглед на ситуацијата веројатно нема потреба да се активира членот 4 од Повелбата на НАТО.