Моравјецки: Ако Украина не добие поголема поддршка, војната ќе се прошири во Полска

Сподели со своите пријатели

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека падот на проектилот во селото Пжеводов докажува дека, доколку Украина не добие поголема поддршка, војната ќе се прошири на територијата на Полска, пишува Украинска правда.

Loading...

Моравиецки ја потсети јавноста дека инцидентот во полското село не е прва критична ситуација, па го наведе примерот со имигрантите кои минатата година се обиделе да ја преминат границата меѓу Полска и Белорусија.

Тој додаде дека „денес има само еден начин Полска да влезе во војната, односно да и сврти грб на Украина“.

Вели дека во тој случај порано или подоцна Украина ќе стане критично зависна од Русија.

– Ако Украина не е независна, нема да мораме да правиме ништо за да предизвикаме војна, бидејќи таа ќе ни дојде сама по себе. Путин нема да застане, Кремљ ќе оди понатаму. Пасивноста за нас би значело самоубиство – изјави Моравиецки.

Полскиот премиер истакна дека неговата земја е подготвена за инциденти како минатиот и дека има одговори за различните можности за хибридна војна што Русија може да ја води против Полска, пишува Украинска правда.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.