Монтела по ремито: Де Хеа беше неверојатен

Сподели со своите пријатели

Тренерот на Севиља, Винченцо Монтела изрази восхит од играта на голманот на Манчестер Јунајтед Давид де Хеа по ремито 0:0 на „Рамон Санчез Писхуан“ во првиот  осминафиналниот дуел од Лигата на Шампионите.

Шпанскиот репрезентативец на неколку пати ги доведе до очај напаѓачите на домаќините со одлични одбрани.

– Ние создадовме толку многу позиции и моравме да постигнеме барем еден до два гола. Навредливо е дека не постигнавме гол, но не може да се срамиме од играта. Со овој резултат исходот на осминафиналето останува непредвидлив, секој од двата тима може да продолжи. Има доволно време до реваншот, сега треба да размислуваме веќе за натпреварот со Атлетико. Де Хеа одигра неверојатен меч. Одигра едноставно прекрасно, рече Монтела по мечот. /МИА

Leave a Reply