Моментот кога силен земјотрес прекина свадба во Мароко (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Се појави видео на кое се гледа моментот кога силен земјотрес го прекина музичкиот настап на свадба во Мароко.

Loading...

На видеото се гледа како пејачот и другите музичари ја напуштаат сцената и истрчуваат низ вратата на церемонијата во Маракеш, пишува Би-Би-Си.

Според последните информации, најмалку 2.122 лица загинале, а 2.421 се повредени во силниот земјотрес што го погоди Мароко, соопшти во неделата МВР.

Меѓу повредените, 1.404 лица се во критична состојба.

Забележани се смртни случаи во неколку региони, вклучувајќи ги Ел-Хоуз, Тарудант, Чичауа, Тизнит, Маракеш, Азилал, Агадир, Казабланка и Јусуфија.

Кралот на Мароко, Мохамед Шести, по земјотресот што ја погоди земјата, прогласи тридневна национална жалост за време на која знамињата на јавните згради ќе бидат спуштени на половина копје.

Покрај тоа, кралот ја задолжил Владата да формира министерски комитет за програмата за реконструкција на куќите уништени од земјотресот.

Ова е најсилниот земјотрес што ја погодил оваа северноафриканска земја во последните сто години, објави Националниот институт за геофизика на Мароко.

Loading...

Земјотресот бил почувствуван во соседните Алжир и Мавританија.