Момчето ја лажело дека има рак, па го лажирал својот погреб: Нејзината љубовна приказна го шокираше светот! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Лилија (26) од Холандија веќе подолго време го споделува својот живот со своите следбеници на Јутуб, а кога станува збор за љубовни теми, таа раскажа искуство што ги шокираше сите во најмала рака.

Loading...

Имено, таа откри дека била во врска со патолошки лажго, кој за време на врската лажел дека има рак, а потоа го лажирал и сопствениот погреб.

Таа ја сподели приказната на Јутуб пет години откако ја раскинала врската со него, пишува „Сан“.

Во тоа време имала 21 година и била во последната година на студии по право во Холандија, а со своето тогашно момче Џеј се запознала на дејтинг апликација.

– Го инсталирав Тиндер и отидов на неколку состаноци. Само „кликнав“ со едно момче по име Џеј. Разговаравме многу, но од време на време не се слушавме со недели, потоа тој повторно ќе ми испраќаше порака и така во круг, сè додека не решивме да се сретнеме – рече таа.

Лилија тврди дека не била толку нервозна пред состанокот, но бидејќи веднаш ѝ се допаднал, не и било гајле. Се чинел многу позрел и амбициозен од момчињата со кои излегувала порано.

Имал уреден живот, а како што вели, нивниот прв состанок до денес е сепак еден од најдобрите први состаноци на кои таа некогаш била.

 

Loading...

 

Првите неколку месеци нејзината врска со фотографот Џеј биле како бајка, а парот дури одел во Париз за романтични викенди.

Лили веи дека, иако нејзините пријатели биле малку загрижени за Џеј, таа била премногу емотивна за да забележи знаци дека нешто не е во ред. Но, како минувале месеците, Лили сè помалку се слушала со Џеј.

– Понекогаш Џеј едноставно исчезнуваше. Започна со тоа што не одговараше на моите пораки неколку часа. Не се грижев за тоа тогаш, но потсвесно го забележував. Неодговорувањето на пораки неколку часа се претвори во игнорирање за два до три дена – објасни таа.

Изговорите на Џеј за неодговарање на пораките станаа сè почудни, од немање полнач, па сè до оштетувања на телефони и одење во Германија два дена.

Лили сепак му верувала, бидејќи во нејзината глава немало причина да ја лаже. Наскоро почнала да ги забележува чудните лаги на Џеј, кои станале секојдневие, а за кои и натаму наоѓала оправдување.

Пресвртната точка во нивната врска се случила по три месеци кога Џеј требало да и се придружи на Лили на роденденот на нејзината мајка. Кога не се појавил, а камоли да испрати порака, Лили станала сè позагрижена.

Loading...

„Бев многу нервозна и не уживав во роденденот на мајка ми, а не и таа затоа што знаеше дека нешто се случува“, рече таа.

Подоцна истиот ден, таа добила порака од непознат број во која се наведува дека пораката пристигнала од мајката на Џеј. Во пораката се вели дека Џеј се разболел и дека го однеле во болница, направиле неколку тестови и се покажало дека има рак на дојка, исто како и неговиот дедо кој починал од тоа.

– Мојот свет се распаѓаше. Се сеќавам дека по пораката само се струполив на подот и почнав да плачам и да врескам. Бев многу загрижена за него – додаде таа.

Подоцна Џеј и објаснил на Лилија дека ќе мора да оди на лекување во специјална клиника во Цирих, бидејќи лекарите му рекле дека ќе има поголеми шанси за преживување.

Затоа Лилија решила да ги остави настрана своите грижи за претходниот недостаток на контакт. Таа се обидела да го разбере и да биде поддршка.

Конечното раскинување се случило кога Џеј не дошол да ја земе Лили на аеродромот ден пред нејзиниот 22-ри роденден. Таа одлучила да ја контактира неговата мајка и покрај тоа што Џеј ја замолил да не го прави тоа.

– Бев многу загрижена. Џеј не одговара, тој има рак, утре ми е роденден, морам да стапам во контакт со него. Кога конечно го добив на телефон, тој почна да кашла. Тоа беше најлошата лажна кашлица што сум ја чула во животот. Се чувствував како да сум била толку заљубена во него во изминатите четири месеци што ги игнорирав сите знаци дека нешто не е во ред, како и мојата сопствена интуиција – продолжи таа.

Сепак, Лилија и тогаш не раскинала со него.

Loading...

„Би била најлошата девојка на светот да раскинам со момче кое има рак поради некои невини лаги“, рече таа.

 

 

Следниот ден, таа добила површна порака од нејзиното момче со честитки за нејзиниот роденден. Но, после тоа, тие не се слушале четири дена и тој дури не дошол на роденденската забава, па Лилија конечно решила да ја прекине врската.

Таа била многу тажна затоа што тој ја игнорирал дури и за роденденската забава. Тоа била капка што ја прелеала чашата и таа решила конечно да стави крај на врската. Му испратила порака во која му посакала среќа на третманот во Цирих и му се извинила што морала да ја прекине врската преку порака.

Loading...

– До денес, четири години подоцна – тој никогаш не ја ни отворил таа порака. Кога ја прекинав врската, не ја прекинав затоа што мислев дека е патолошки лажго, ја прекинав затоа што мислев дека повеќе не ме интересира – тврди тој.

Но, во следните месеци, Лили полека започнала да ја открива вистината за Џеј. Една недела по раскинувањето, тој на својот Инстаграм објавил фотографија направена во Холандија, и покрај тоа што ѝ рекол на Лили дека е во Цирих на лекување од рак.

Следниот месец добила порака од жена по име Мери, прашувајќи дали тој ден бил на погребот на Џеј. Имено, Мери објаснила дека Џеј и рекол и дека има рак, а неколку месеци подоцна од неговиот „брат“ добила порака дека Џеј починал.

Мери ги контактирала сите погребни домови и гробиштата во локалното подрачје и открила дека погребот на Џеј не бил ни одржан, па решила да контактира со Лили.

Откако излегла во јавноста со својата приказна, Лили добила неколку пораки од поранешните девојки на Џеј во кои се вели дека тој им ги продавал токму истите лаги.

Loading...

– Полека почнав да откривам дека многу од работите што ми ги кажа не се точни. Почнав да ги поврзувам сите делови и конечно сфатив дека сум била во врска со патолошки лажго – заклучи таа.

 

Leave a Reply