Момче заврши со тешки повреди во сообраќајна незгода во нас. Иго Тричковиќ

Сподели со своите пријатели

Некаде после 17 часот, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населбата Иго Тричковиќ, потешко е повредено момче кога во него директно удрило ПМВ Мерцедес ”А” класа со кумановски регистарски таблички.

Loading...

Повреденото момче било пренесено во Општа Болница Куманово од каде поради сериозноста на повредите, било транспортирано на клиниките во Скопје.

– Примено е дете на 12-13 години со повреди здобиени од удар на моторно возило. Детето се здобило со тешки телесни повреди. Има тешка повреда на главата, на двете потколеници и на градниот кош. По укажаната помош, со медицинска придружба и лекар тоа е префрлено на една од скопските клиники, изјави доктор Борче Божиновски, дежурен хирург од Општата болница Куманово.

Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата, а според првичните информации во момчето кое тргнало по топка на патот, удрил автомобил Мерцедес.

Од СВР Куманово најавија повеќе детали по завршување на увидот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.