Семејство на еден млад Перуанец, кој починал по операција на забите, проговорила за своите маки, затоа што на погребот делувало како момчето да дише, пишува Индепендент.
Лешот на Вотсон Фенклин Мандуан Доротеа од градот Тинго марија бил во ковчег кога некои од роднините забележале дека белите дробови му се подигаат и спуштат и дека момчето всушност дише. Доротеа на 21 октомври бил прогласен за мртов од страна на лекарите, откако добил грозница и температура по операција на забите.
Мртво момче станало на својот погреб, побарало вода и повторно легнало во ковчегот
Но, на бдеењето, роднините кои биле присутни го повикале лекарот, кога виделе, како што велат, очигледни знаци на живот. Како што пишува аргеинтинскиот весник Лос Андес, лекарот пристигнал и потврдил дека Доротео прикажува знаци на живот. Него потоа го изнеле од ковчегот и веднаш го префрлиле во болница, каде, сепак за жал, било потврдено дека е мртов.
Роднините на починатиот тврда дека тој можеби цело време бил жив, но под седативи кои ги добил за време на операцијата.
– Му дадоа дијазепам, цитиран е еден од членовите на семејството.
Во светот се забележани неколку случаи на померање на мускулите по смртта.
Но, има многу случаи каде првобитно луѓето по грешка се прогласени за мртви.
Во март 2014 година, Волтер Вилијамс (79) од Америка, пронајден е жив затоа што буквално удирал во вреќата во која се чуваат лешеви, додека требало да се припреми за балсамирање. Конфузијата наводно настанала затоа што му се сиклучил пејсмејкерот.
Бил жив поgребан три дена и сè пренесувал во живо од конвчегот (фото)

