Момче трча секој ден за да собере пари за болно девојче (видео)

Сподели со своите пријатели

Единаесет годишниот Рајан Тарапчак на свој оригинален начин дошол на идеја да ја подигне свеста и да собере парични донации за 6 – годишната сестричка на својата другарка која боледува од редок облик на карцином, познат како alveolar rhabdomyosarcomа.

Loading...

Младото момче од градот Лангхорн од САД, во обид да собере пари одлучил да трча секој секој ден, и така да ги собере потребните 10 000 долари.

Првично, Рајан сакал да ги подари своите заштедени пари, но во разговор со својата мајка, дошле на идеја да започне да трча секој ден, бидејќи Рајан е маратонец и го сака трчањето на долги стази.

Семејството Тарапчак со поставен банер на  gofundme се надеваат дека ќе ја соберат потребната сума пред почетокот на учебната година во САД.

Малата Изабела која боледува од реткиот облик на карцином, веќе била подложена на 42 – дневна хемотерапија, а во изјава за медиумите, Рајан кажал дека кога таа ќе порасне и ќе оздрави, тој ќе биде првото момче кое ќе ја изведе Изабела на состанок.

Веб страната gofundme е една од успешните американски страници каде може да се донира за разни случаи и потребна помош за лекување, дом или посвојување.