Момче со најуникатното име во светот: Татко му сакал да стане писател, па му дал вакво име (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Момче (12) од Јужна Суматра неодамна се најде на насловните страни на светските вести, поради неговото необично име.

Имено, веста за неговото име се проширила случајно, кога момчето учествувало во акцијата за вакцинација организирана од локалната полиција.

 

 

Здравствените работници првично мислеле дека името на момчето е шега кога го виделе на распоредот, но смеаата брзо била заменета со неверување кога го виделе истото име, ABCDEF GHIJK, на неговата лична карта, пренесува CNN Indonesia.

Таткото на момчето, Зулфахми, им рекол на новинарите дека „името го имал подготвено“ шест години пред раѓањето на Адеф, додавајќи дека тој бил страствен љубител на крстозборките и дека отсекогаш сонувал да стане писател.

 

 

Очигледно тој толку многу ја сакал азбуката што бил подготвен да го нарече своето второ дете „NOPQ RSTUV“, а третото „XYZ“.

Сепак, целото име на момчето е ABCDEF GHIJK Zuzu, иако сите го викаат Адеф, а малото момче открило дека поради него многу страдало на училиште.

Другите деца толку многу го малтретирале што сакал да го промени. Сега вели дека е горд што носи такво необично име.