Момче се заглавило во буре, не можеле да го спасат два часа: На помош пристигнале и пожарникари (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите во Тенеси морале да интервенираат и да помогнат во спасувањето на двегодишното момче кое се заглавило во дрвено буре за време на викендот.

Loading...

Доријан Страбинг (2) се заглавил во буре во саботата вечерта додека неговото семејство подготвувале вечера на неколку метри подалеку.

 

 

– Играше како и секогаш, а потоа мирно започна да повикува  „помош“, затоа што се заглавил и не можеше да излезе – изјави неговиот татко Ленс за Си-Ен-Ен.

Доријан не чувствувал болка, но успеал да се заглави во бурето и на крајот не можел да ги исправи нозете и да се ослободи.

– Се обидовме да го извадиме околу 10 минути, но не успеавме – рече таткото.

Loading...

Го однеле во амбуланта во Портланд, но пред тоа го известиле персоналот за да знаат што ги чека.

 

 

PFD News: On 5/1/21, Engine 2 was called for assistance at the Portland ER to help extricate a small child from a wooden…

Posted by Portland TN Fire Department on Sunday, May 2, 2021

„Медицинската сестра првично сметаше дека станува збор за измама“, рече таткото.

Доријан останал смирен цело време и го гушкаше плишанотот мече што му го дале во болницата.

Тие веднаш започнале да работат на неговото ослободување, а исто така направиле и рентген за да откријат во каква позиција се наоѓа во бурето.

Откако работниците на брзата помош не успеале да го ослободат, повикале пожарникари.

Го извадиле надвор и започнале да работат на неговото ослободување.

Loading...

 

 

The full story with a great outcome. Great job, everyone.

Posted by Portland TN Fire Department on Sunday, May 2, 2021

Мајката на момчето Кели изјави дека е многу нервозна, но дека пожарникарите завршиле одлична работа и дека успеале да го извадат од бурето без да му наштетат на момчето.

Момчето поминало околу два часа во буре, пред да го извадат.

Доријан последователно бил прегледан, а неговите родители побарале од пожарникарите и работниците од брзата помош да го потпишат бурето.

Тој ќе го чува во гаражата како спомен.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *