Момче делело илјадници евра на минувачи во Германија

Сподели со своите пријатели

Германската полиција истражува случај на тринаесетгодишно момче од јужната германска покрајна Баварија, за кого се верува дека во сабота на случајните минувачи на улица им поделил пари во износ од неколку илјади евра.

момчето од градот Бад Телза делел износи од 100 о 2.400 евра, објавија германската полиција.

Некои минувачи кои имале среќа да добијат неочекуван паричен подарок сепак подоцна парите ги вратиле во полиција, па локалните полициски службеници заклучиле дека од улица им се вратени 4.500 евра.

Магазинот „Зидојче Цајтунг“ известува дека сепак 6.000 евра останале невратени.

Кога полицајците го пресретнале тинејџерот алтруист на улица, се уште имал кај себе одреден износ на пари кои не стигнал да ги подели.

Тој признал дека парите ги земал од своето семејство.

Неговите родетели пак, како што наведуваат локалните избори, не биле посебно импресионирани од она што го направил нивниот син.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.